Заев и Ципрас ја примија мировната награда на Вестфалија

Од:

Премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска на церемонија организирана во Мунстер, Вестфалија, ја примија Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година.

Признанието го добија за потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија требаше да им биде врачена на Заев и на Ципрас минатата година, ама церемонијата беше одложена поради епидемијата на Ковид-19.

Наградата им ја врачи претседателот на Латвија, Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Заев истакна дека договорот од Преспа стави крај на долгогодишниот спор и разликите што кренаа ѕид помеѓу двете соседни земји. Спорот траеше три декади исполнети со несигурност за нашата иднина, рече Заев и додаде дека тоа се три декади на блокирани перспективи што се стратешка цел за нашата земја.

„Дојдовме до решение за кое сите ни велеа дека е невозможно да се постигне. Годинава Северна Македонија слави 30-годишни независност, ние сме 30-та членка на НАТО што беше невозможно без Преспанскиот договор. Членството е реализација на нашата стратешка цел и доказ за политичките постигнувања. Тоа е одраз на нашиот суверен избор“, рече Заев.

Преспанскиот договор што го реши деценискиот спор со Грција беше потпишан на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на крајбрежјето на Преспанското Езеро.

Согласно договорот, Македонија го смени официјалното и уставно име во Република Северна Македонија, по што земјата стана дел од НАТО.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он