Заев и Ципрас добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија за Преспанскиот договор

Од:

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која им се дава признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името.

-Алексис Ципрас и Зоран Заев постигнаa дипломатски подвиг со постигнатиот договорот за повеќедеценискиот конфликт околу името на Македонија, давајќи многу значаен придонес за стабилноста на целиот балкански регион’, изјави д-р Рајнхард Зинкан претседавач на Економската заедница на Вестфалија и Липе, објавувајќи ги добитниците на Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година

Во образложнието Зинкан нагласува дека и двајцата сега поранешни шефови на влади ги ставиле политичкиот контекст и иднината пред личните политички кариери

-Без Ципрас и Заев, прашањето околу името немаше да се разреши и меѓусоседскиот спор ќе продолжеше да го дестабилизира целиот Балкански регион, додава Зинкан.

Наградата свечено ќе биде доделена на 19. септември, во рамки на Самитот во Минстер, каде што на посебна панел дискусија ќе се обратат двајцата поранешни премиери и доскорешната преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Инаку, со оваа награда Преспанскиот договор е потврден како клучен документ за стабилноста и европската иднина на регионот, пред се на Северна Македонија. Договорот со Грција ги гарантира нашите перспективи и стремежи кон европското семејство. Ваквите награди со високо значење треба да претставуваат поттик за лидерите на двете држави да продолжат со имплементација на договореното со почитување на заедничките вредности.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија е воспоставена во 1998 година од Асоцијацијата на претприемачи на Вестфалија и Липе и се доделува на секои две години. Меѓу досегашните добитници на ова угледно признание се Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Курт Масур, Карла дел Понте, Кофи Анан, екипажот на Меѓународната вселенска станица, балтичките држави итн..

Паралелно со доделувањето награди на личности или претставници на држави за нивната мировна работа во Европа и светот, наградата се доделува и на млади луѓе кои поставиле пример за политичко, социјално и еколошко помирување. Годинава, покрај Заев и Ципрас, добитник на младинската награда е иницијативата Plant-for-the-Planet.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?