ВИДЕО: Заев и Борисов заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Од:

Да го помириме минатото и сегашноста заради идината на Македонија. Да се обединиме заради заедничките стартешки цели кои се од исклучителна важност за иднината на Република Македонија на што не обврзува аманетот од Илинден и од АСНОМ, порача претседателот на македонската Влада Зоран Заев пред денешното заедничко поклонение со бугарскиот премиер Бојко Борисов на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

– На 114 години од Илинден и 73 годишнината од Првото заседание на АСНОМ изразувам одлучна верба за јасна иднина. Има светла иднина за нашата Република Македонија и има иднина за секого во оваа наша убава земја. Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднинана РМ која што води до квалитетен живот. Го послушавме Делчев кој ни рече да не се губи времето. Се здруживме и ги подадовме рацете помеѓу нас и создадовме пат кон развојот. За развојот се потребни доброволно подадени раце на граѓани и народи кои се потпираат и поддржуваат и така заеднички чекорат стабилно напред, рече Заев.

Македонија, посочи, даде пример како да се исчекори. Бугарија ја покажа истата одговорност за заедничките цели, истакна премиерот Заев.

– Знаеме дека нашата стратешка цел се членството во ЕУ и НАТО, и ве уверувам дека РМ го прави неопходното. Подадовме раце не само внатре туку и кон надвор. И еве има одговор, има раце кои се испружија кон нас. Еве сме заедно со нашите соседи и пријатели – официјланите претставници на граѓаните на Република Бугарија кои ја покажуваат истата одговорност кон заедничките цели. Затоа денес заедно ја испраќаме пораката – регионот е подготвен да води политики на зрелост, мудрост и посветеност кон своите ѓраѓани. Регионот се однесува европски и заслужува да ја добие шансата да се развива во европското и евроатлансткото семејство, рече Заев.

Тој подвлече дека Македонија пружа раце и кон другите соседи во регионот. Додаде дека регионот почна да се однесува европски и затоа заслужува шанса што членките на ЕУ и на НАТО го препознаа во Трст, а истото го очекува денеска во Подгорица од потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Упати апел за максимална одговороност и сериозност на сите граѓани и институции и истакна дека ова е време кога правиме исчекор. Се повика на Манифестот од АСНОМ. – Каква Македонија ќе изградиме, таква и ќе имаме, рече Заев.

Повторно се осврна на Илинден нагласувајќи дека треба да ја послушаме пораката на Делчев да не се губи време.

– Затоа се здруживме заедно за да направиме чекор напред, бидејќи на Македонија и треба стабилност и развој. Борците од Илинден и од АСНОМ се нашиот завет, Македонија да ја чуваме и градиме заедно. Тој збор заедно е гаранција за иднината, нагласи премиерот Заев.

Тој повтори дека треба да покажеме одговорност кон себе и кон регионот за сите да одиме кон демократскиот свет.

– Очекуваме секој без разлика на рзличностите да се вгради себеси во процесите и промените со кои заедно испишуваме нова историја за Република Македонија. На таа историја следните генерации ќе можат цврсто да ја постават иднината. Како што ние го правиме тоа со аманетот од Илинденското востание и АСНОМ. Затоа да бидеме сите на ниво на својата обврска. Да останеме здружени едни со други и да и го обезбедиме на Република Македонија заслуженото место во светот. Во тој свет кој што е поле за културен напредок на народите, истакна премиерот Заев.

По обраќањето на кое присуствуваа членови на владите и на парламентите на двете земји, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор, двајцата премери Заев и Борисов положија цвеќе и се поклонија пред гроботна Гоце Делчев.

Со денешната церемонија на гробот на Гоце Делчев заврши дводневната посета на бугарскиот премиер Борисов на Македонија во чии рамки беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит