Заев и Ахмети разговараа за распределбата на ресорите

Од:

Новиот владин кабинет има потреба од одговорни и квалификувани кадри, заклучија денеска претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кои на средбата во партиското седиште на ДУИ во Тетово ги отворија прашањата околу распределбата на ресорите.

Како што соопшти ДУИ, Заев и Ахмети уште еднаш ги повторија приоритетите на новото мнозинство: сериозни реформи во владеењето на правото согласно препораките на меѓународната заедница, интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, Охридскиот договор, добрите меѓуетнички односи, отворање нови работни места и економски развој на државата.

Двајцата коалициски партнери се осврнаа на предностите на аклтуелното мнозинство и се согласија околу принципите на владеењето.

– Една од предностите на владеењето ќе биде непосредната интеграција во НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ со што, страните се согласија за сериозен ангажман кон постигнување на оваа заедничка цел, информира ДУИ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО