Заев-Хан: Очекуваме и веруваме дека од јуни Република Северма Македонија ќе почне да испишува европска иднина

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел, денеска оствари средба и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан, со кого разговарале за европската иднина на нашата земја.

Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација се одржал во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцирал дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија.

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, искажал верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.

На средбата, еврокомесарот Хан го охрабрил премиерот Заев да продолжат реформите во земјата, а била искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуки што се од интерес на Република Северна Македонија.

Заев, се вели во соопштението, на средбата со Хан потенцирал дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска