(ВИДЕО) Заев: Груевски ми кажа – Ќе прифатиме техничка Влада ако ни ги дадете доказите

Од:

Целта со првата прес конференција и обелоденувањето дека 20.000 луѓе се прислушкувани е постигната, оцени лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Анализа на ТВ 24 вести.

„Власта влезе во ново злодело. Само домашните служби можеле да прислушкуваат . За да можете да прислушкувате мора да сте приклучени на телекомуникациски ситеми. Оваа работа е од МВР. Објавување на криминалите на власта допрва следуваат. Ќе докажеме кој слушал. Сите важни луѓе, освен Груевски и Мијалков биле мета на прислушкување. Мета им биле и првите соработници. Власта дрско и безобразно влегувала во интимата на граѓаните. Само телефоните на Груевски и Мијалков не се прислушкувани. Но снимено е кога разговарал со Јанкуловска. Прислушкувани се и Миле Јанакиевски, Канческа-Милевска“, рече Заев.

Screenshot_1

Вети дека доказниот материјал на крај јавно ќе го уништат или ќе им го дадат на луѓето. Не ни е цел, рече, воајери да бидеме туку да се врати демократијата.

„Ќе водиме сметка за поединците.Само Заев ги знае деталите, но ако ми стане нешто, се знае кој следен настапува кон материјалите. Материјалот го добивме по изборите. Транскрипти од разговорите на 204 страни доставивме до обвинителств о. На една страна имало по 3-4 комуникации“, рече Заев.

За снимањето во Кабинетот на премиерот и објавената снимка, Заев праша, зарем мислел Груевски дека ќе му каже дека е тоа од странски служби и кои се тие странски служби. И самото снимање, рече, покажува со каков човек си имаме работа, секого снима кој ќе дојде во неговиот кабинет. Ако имало посебни истражни мерки за него, тогаш како смеело да излезат снимките кои се доказен материјал. Според Заев средбите во кабинетот биле иницирани од Груевски, за што поседува докази-смс пораките упатени до него.

„На третата средба Груевски ми кажа-ќе прифатиме техничка Влада ако ни ги дадете доказите. Секој што поседува докази за криминал мора да ги каже. Тој ме праша какви докази имаме. Средбите беа исклучиво за 5-те теми. Се што е врзано за криминал ќе биде објавено или процесуирано до суд. Јас сум должен да го објавам тоа. Поголема неслобода нема никаде. Груевски, посочи Заев, ќе падне поради се ова што го направил. Извесен е планот на Груевски да ме уапси. Но не може цела опозиција да ја уапси. Може слободата, но не и душата да ми ја земе“, рече Заев.

Со Зоран Верушевски имал три средби, но само затоа што е стручњак во областа и имал потреба од консултации со него.

Потврди дека му испратил писмо на Верушевски и дека истото е автентично.

Screenshot_7

„Точно е дека сум му напишал на Верушевски, но му кажувам дека обезбедив работна виза да му дадат на него и неговото семејство.Верушевски е виновен зошто ја сакал својата држава. Пријателите од странство требаше да му извадат работна виза. Жерновски го споменав затоа што ми помогна во целиот процес , и работата беше дали ќе излезе со мене на пресот бидејќи во моментот на објавување не беше лидер на ЛДП“, рече Зоран Заев.

Заев обелодени дека на неколку дена ќе ги објавуваат доказите, но дека ќе објави се. Тој кажа дека воопшто не верува во обвинителтвото ниту во судскиот систем, за што посочи постојат и докази за поврзаноста и координацијата со извршната власт.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија