Заев: Груевски да го поддржи договорот, успехот ќе биде заеднички

Од:

Премиерот Зоран Заев по потпишувањето, го повика лидерот на ВМРО-ДПНЕ, Никола Груевски да даде поддршка на Договорот за соработка со Бугарија.

Овој договор е резултат на повеќемесечен и долг труд и Никола Груевски има удел во него. Повикувам да застанеме заедно во перспективите што ги нуди договорот. Генерално, за потпишување на ваквите договори и двете страни не се среќни, па има договор. Во овој случај и двете страни се среќни. Уште една повикувам ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка за нешто за што дале голем труд, успехот ќе биде заеднички, рече Заев.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов на прашањето како гледа на тоа што многу луѓе и ВМРО-ДПМНЕ се против договорот рече:

-Работевме многу напорно со него. Критики имаше и во Бугарија, но дали тоа носи перспектива, дали е тоа пријателство, дали е добрососедство? Современиот човек сака да патува, да види мориња и планини. Јас ќе имам вечерва средба и со Никола Груевски и сакам и тој да го поддржи овој договор, рече Борисов.

Би можело да ве интересира

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства