(ВИДЕО) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Од:

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на седницата на која пратениците треба да гласаат за ратификација на договорот со Грција.

„Пред три дена потпишавме документ за крај на спор од три децении. Ставивме потпис кој означи почеток на крајот на неизвесноста. Достинствено решение за двете страни. Имаме договор со јасни обележја на нашиот македонски јазик така како што ги разбираме ние. Јазикот и идентитетот се македонски, содржани во договорот. ‘Јазикот е нашата татковина’, рече Блаже Конески. Јазикот е наш македонски, македонска ни е татковината. Потписите на историскиот договор го заштитија нашиот македонски идентитет за век и векова“, рече Заев.

Никому ништо не сме му подариле, додаде тој, ниту некој ни одзеде нешто кога се договоривме за географска одредница. „Се издигнавме над стравот за да обезбедиме спокојна иднина. Повикувам да ги отфрлиме ѕидовите на изолација и ксенофобијата. Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука“, рече Заев.

Според него, денеска е уште еден голем ден во низата денови што претстојат. „Овој ден ја прави голема извесноста дека ќе добиеме датум за почеток на преговори. Европа ни ја подаде раката. Отворената покана од НАТО станува реалност, сонот станува реалност“, рече Заев. Пред нас, додаде тој, се белите листови на нашата држава и наместо со горчина и гнев од денеска заедно да ги испишуваме овие страници со љубов, надеж, солидарност и взаемна радост.

На седницата за ратификација на договорот не се присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?