Заев го прислушувале во УБК како „Зо За“

Од:

Во Кривичниот суд беше изведен доказ, меморискиот уред на кој сведокот Звонко Костовски ги преснимил материјалите, во случајот за масовното прислушување, „Таргет Тврдина“.

На големи два екрани во сусницата, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и останатите обвинети го следеа сведочењето на Костовски, кој објаснуваше што значат кратенките и логовите во системот. Заев, како што рече Костовски, бил следен под псевдоним „Зо За“. Костовски рече дека насоките со кои биле следени граѓаните биле заведувани со имиња, како на пример „табори”.

Меморискиот диск, бил одземен од Костовски и бил доказ во предметот „Пуч“. По наредба на ексначалникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, биле извадени материјали од 5-6 цедеа од материјалите.

Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски кажа дека овој доказ бил користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов