Заев: Го осудивте Рашковски, но никој не е виновен додека не се докаже вина

Од:

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја истрагата за ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, рече дека нема недопирливи, но пресумпцијата на невиност важи за сите. Тој вели дека никој не може да се осуди додека за него не се докаже вина. Тој во одбрана на Рашковски кажа дека тој патентирал систем, а софтверот го направила друга компанија.

„Само уште еднаш се потврдува за граѓаните дека нема недопирливи пред законот. Некој што бил до есента генерален секретар, сега е секретар за имплементација на програмата на Владата согласно неговото искуство, до вторникот. Законот важи за сите, институциите си ја вршат својата работа, нема недопирливи ни од власта ни од опозицијата. Како што можам отворено да потврдам дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, тоа бил став, секој пат. Пресумпцијата на невиност треба да ја почитуваме. Уште еднаш можам да посочам дека генерален секретар, Мухамед Зекири ги доставил сите податоци за јавната набавка, до доказите за тестирање на системот, до неговата употребливост и слично, како е завршена. Секако пресумпцијата на невиност ја почитувам, бидејќи тоа треба така да биде. Не може никој да го осудиме додека тоа не се докаже“, рече Заев.

На прашање зошто Владата нема контролен механизам што прави генералниот секретар на Владата, бидејќи сега Обвинителството излезе со информации дека ексгенералниот секретар местел тендер пред очите на премиерот, Заев одговори: „Вие го осудивте во моментов“.

„Имате право на сопствено мислење и став. Никој не е виновен додека не се докаже вината. Јавната набавка е спроведена согласно законот за влада, согласно деловникот за работа на Владата. Со Владата управува генерален секретаријат, генерален секретар. Владата набавувала еден куп системи, студии, анализи преку генерален секретаријат. Спроведена е постапката согласно законот, од тоа што јас го видов. Ако е докаже спротивно, ќе се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, а на крајот судот ќе пресече. Пресудата е неприкосновената вистина. Тоа што го знам, е според закон и деловник. Имаме 160 жртви од сообраќајни несреќи, целта е да ги преполови, ако може и да ги нема. Имаме повеќе од 3200 лица со индивалидетет. Имаме анализи дека државата губи повеќе од 2300 милиони евра. Немаме софтвер на Рашковски. Рашковски патентирал систем, софтверот е направен од ФИНКИ и другата фирма, на тендер, согласно буџетот. Апсолутно е спроведена постапката согласно закон“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска