Заев: Го чуваме Дојранското Езеро и со нашите партнери од ЕУ вложуваме во екодржава

Од:

„До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското Езеро. Важно е да се чува екосредината во езерото и околу езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран“, рече претседателот Заев на денешната посета во Дојран.

При посетата во Дојран претседателот Заев направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од 5 милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк во Дојран со површина 35 илјади метри квадратни и финансиска помош од ЕУ и Светска банка преку Проектот за локална и регионална конкурентност и Општина Дојран.

„Проектот Екодржава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата ‘Можеме’ и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата“, заклучи Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски