Заев ги прими директорот на „Егзит“ и поранешни американски рагбисти кои инвестираат во канабис

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги прими директорот на најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“, Душан Ковачевиќ и гостите од Соединетите Американски Држави, успешните спортисти во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како успешни производители на медицински канабис во САД.

Откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, гостите на средбата истакнаа дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Северна Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност, велат од Владата.

Премиерот Заев ги презентираше можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Северна Македонија, а инвеститорите претставија искуства со најнапредна технологија и знаење коишто веќе ги користат во своите погони за одгледување на оваа билка во САД.

На средбата со директорот на „Егзит“ и со американските бизнисмени стана збор за предизвиците со кои се соочува музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на “Егзит” фестивалски активности и во нашата земја, се додава во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Фалат 40 килограми марихуана – Претрес кај фирми одгледувачи на канабис за медицински цели

Анита Петровска Рајковиќ

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска