Мицкоски: Спорен правилник отворил врата за канабис надвор од стандардите

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата на денешната седница ќе донесе одлука за проширување на проверките во компании кои имаат лиценци за одгледување канабис, по неодамнешната заплена на големо количество марихуана.

Тој посочи дека во периодот што следи ќе се извршат контроли во повеќе објекти и дека очекува вакви одлуки да се носат и во наредните денови, со цел да се проверат сите компании кои на некаков начин добиле лиценца за вршење на оваа дејност. Денешната владина седница, поради негови обврски, ќе ја води вицепремиерот Димовски.

Во однос на количината на запленетата дрога, Мицкоски рече дека не би се изненадил доколку вкупната заплена достигне и до 100 тони марихуана.

Одговарајќи на прашање за тоа кој министер бил надлежен во периодот кога биле олеснети условите за добивање лиценци, премиерот посочи дека во одреден период министер бил Венко Филипче. Тој објасни дека покрај лиценците, проблематичен бил и подзаконски правилник со кој, според него, се дозволувало производство на цвет од канабис што не ги исполнува ГМП стандардите.

Мицкоски истакна дека во такви услови произведеното масло не може да биде лиценцирано и пуштено во продажба, поради што, како што рече, потребна е сериозна истрага за мотивите за донесување на таквиот правилник. Според него, ова е само почеток на поширока истрага, при што Министерството за внатрешни работи веќе работи на анализа на комуникации и други докази.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски