Заев: Европскиот пат итно мора да се откочи, ама за идентитетот нема да преговараме

Од:

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли.

-Заев на средбата со Сасоли нагласи дека неговата посета на Брисел во деновите кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан има за цел да биде слушната пораката дека Македонците и граѓаните на Северна Македонија нема да преговараат за сопствениот идентитет и нема да дозволат таа тема да биде ставена на масата за дебата во име на стартот на преговорите со ЕУ, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Премиерот за време на разговорот со Сасоли упати благодарност до Европскиот Парламент за цела поддршка што континуирано ја дава за Северна Македонија и истакна очекувања таа поддршка да биде уште понагласена во претстојниот период за да се одобри организирање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ како почеток на процесот за пристапување на земјата во членство во ЕУ.
Претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли и премиерот Зоран Заев се согласија дека Северна Македонија и нејзините граѓани имаат голема поддршка во ЕП и дека тој е убеден дека тоа ќе биде така постојано како охрабрување до институциите на ЕУ да го одобрат одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија