Заев – Ескобар: Партнерството меѓу САД и С. Македонија и членството на земјата во ЕУ многу важни за Скопје и Вашингтон

Од:

Целосна поддршка од САД за изнаоѓање заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија е истакната на денешната средба на премиерот Зоран Заев со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во прва работна посета на нашата земја.

Партнерството меѓу САД и Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ се многу важни за Скопје и Вашингтон, наведуваат од владината прес-служба во соопштението за средбата на Заев и Ескобар.

Заев на средбата го запознал гостинот со актуелната политичка состојба во земјата при што нагласил дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, за забрзување на нејзината интеграција во ЕУ, за справувањето со пандемијата, за економскиот раст, и особено за актуелното прашање за соодветен и ефикасен одговор на енергетската криза.

-Заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, кој на средбата беше придружуван од амбасадорката Кејт Мари Брнз, истакна дека неговата посета на земјата има за цел да ја нагласи поддршката на САД, токму за овие прашања, како и за партнерскиот пристап што Република Северна Македонија го покажува со прифаќањето на граѓаните од Авганистан и за активната улога за суштинско интензивирање на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“, стои во соопштението.

На средбата, информираат од Владата, беше истакната целосната поддршка на САД за изнаоѓање на заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија заради фактот што иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.

Би можело да ве интересира

Габријел Ескобар: Српската заедница на Косово страда, итно се потребни решенија

Ескобар: САД очекуваат по изборите да се формира Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

Габриел Ескобар: Игнорирајќи го дијалогот, Приштина ги игнорира и европските партнери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ескобар: Приштина мора да го промени пристапот, Белград да биде трпелив

(ВИДЕО) Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД