Заев е уверен дека европскиот дух на Пендаровски и Радев ќе даде поттик за исчекор во решавање на спорот

Од:

Премиерот Зоран Заев верува дека европскиот дух на претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев ќе даде поттик да се направи исчекор во процесот на пронаоѓање решение во спорот со Бугарија, со што ќе се одблокира патот на интеграција на земјава во Европската Унија.

Заев, кој денеска ја предводеше владината делегација на положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со заедничкото патување на Пендаровски и Радев за Рим каде ќе им оддадат почит на Светите браќа, изрази надеж дека ќе се направи некаков исчекор во однос на спорот, кој како што рече ја кочи европската интеграција на целиот Западен Балкан.

-Верувам дека и европскиот дух на претседателите Радев и Пендаровски ќе биде поттик да направиме исчекор да продолжиме понатаму и секако низ патната карта да успееме да го забрзаме и ефектираме она она што претставува спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна Заев.

Потсети дека земјава повеќе од 16 години е кандидат за членство, од 2001 година е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација, веднаш по Словенија, а пред Хрватска, кои денес се веќе членки на Унијата.

-Навистина ниту еден аспирант за ЕУ, кој сакал да го продолжи патот не чекал толку, колку што чека Македонија. Верувам дека Бугарија ќе биде силен поддржувач на Северна Македонија и на патот на ЕУ интеграциите на целиот Западен Балкан, додаде Заев.

Во врска со денешниот празник нагласи дека 24 Мај го славиме, бидејќи претставува едно од најважните наследства, кое ни е оставено да го негуваме, да го унапредуваме и да им го пренесуваме на следните генерации.

-Пред 12 века Светите Кирил и Методиј ја донеле азбуката, трајното наследство на целиот европски континент, кое останува врежано во меморијата и севкупното богаство на словенските народи. Драго ми е што денес живее македонскиот јазик со македонската азбука, заедно со сите словенски јазици и азбуки како дел од европското наследство, со надеж дека нашиот македонскиот јазик ќе стане еден од официјалните службени јазици на Европската унија, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?