Заев е подготвен за лидерска средба за Законот за ЈО, ако има потреба

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат.

– Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средба. Ако тие кажат јас сум подготвен. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември“.

Прашан дали има план Б или 80 пратеници, премиерот Заев, рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат..

– Верувам дека низ законот ќе се најде решение. Да му дадеме шанса на законот. Имаме седум дена. Треба да се најде решение. Голем дел од финесите се решени, порача Заев.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска