Заев: Со договор за името Македонија ја впишуваме во катастар, добиваме ЕУ и НАТО, пари, економска стабилност…

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев за време на денешната посета во Битола истакна дека очекува добри вести од Атина и престојот на министерот за надворешни работи Никола Димитров на меѓународна конференција што е во тек во близина на главниот грчки град.

Оптимизмот, рече Заев, го темелам на аргументации и врз основа на тоа што досега успеавме да постигнеме.

– Среќен сум што можам да кажам дека имаме успеси кои 27 години никој не успеал да ги постигне, а целосно ќе бидам среќен ако проблемот се реши, а притоа се сочува достоинството и идентитетот на македонскиот народ и држава. Тоа е многу важно, бидејќи треба да се знае што добиваме, а добиваме перспектива, добиваме иднина, добиваме имотен лист, ќе впишеме во катастар Република Македонија, ќе добиеме НАТО и ЕУ, граѓаните ќе добијат повеќе пари, економска стабилност. Сето тоа за мене е чин на патриотизам, и јас верувам дека сите чинители, заедно, ќе го направиме чекорот за да се надмине ова последно отворено прашање кое го има нашата држава, а потоа растоверени да се посветиме на перспективите, изјави премиерот Заев на прес конференција во Битола.

Според премиерот Заев, очекувањата се да има решение и, како што рече, очекувам да имаме решение пред да одлучува Европскиот Совет, а тоа е крајот на јуни, бидејќи тогаш ќе бидеме сигурни дека ќе добиеме датум за преговори, а познато е дека поканата од НАТО е по автоматизам.

-Се се сведува на донесување на решение пред самитот на ЕУ, што ќе се одржи кон крајот на јуни, нагласи Заев.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија