Заев до Макрон: Ги почитуваме заложбите за демократија и обединета Европа, тоа е иднината и на Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до новоизбраниот претседател на Република Франција, Емануел Макрон.

„Ви го честитам изборот за нов претседател на Франција во име на граѓаните на Р.Македонија, на Социјалдемократскиот сојуз и во свое лично име.

Ги цениме и поздравуваме заложбите што ги негувате за слобода и демократија во една обединета Европа, што е дополнително охрабрување за земјите кандидатки на ЕУ, како што е Република Македонија.

Франција како еден од столбовите на Европска унија, има важна улога и за развојот, стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион и уверен сум дека Вашите политики ќе бидат дополнителен придонес и охрабрување за овие важни процеси.

Граѓаните на Република Македонија силно го почитуваат придонесот на Република Франција за обновата на демократските процеси во Македонија како и големата поддршка на евро-атлантските интеграции на нашата држава.

Како добар пријател и партнер на Р.Македонија и како претседател на земја пријател на Македонија, очекувам дека ќе ја продолжиме да ја развиваме и продолабочуваме нашата соработка.“

Би можело да ве интересира

Макрон: Разговорите со Путин не донесоа напредок за прекин на огнот во Украина

Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

Франција се дистанцира од американскиот напад врз Иран, Макрон најави итен состанок

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Макрон: Не ме вознемируваат критиките на Трамп