Заев и Димитров цел ден се сликаат – биле на иста линија

Од:

По веста дека постојат поделби и разногласија помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со спорот за името, тие двајца објавија фотографии од поминато заедничко неделно попладне со нивните сопруги.

Вечерва и Заев и Димитров на нивните Фејсбук профили објавија фотографии од заеднички поминато неделно попладне, со кое што се обидуваат да покажат дека се „на иста линија“.

Во објавата на премиерот напишано е само „На иста линија“, додека министерот Димитров напиша дека тие заедно го бараат патот.

Претходно, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави дека сите во Владата се на иста, единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови.

На социјалните мрежи многумина го поставија прашањето – доколку навистина се на иста линија, зошто е вложен толку напор во докажување на тоа со изрежирани дружби?

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев