(ВИДЕО) Заев: Дијаспората мора да гласа – денеска фото финиш за изборната регулатива

Од:

Денеска е последниот датум за договор меѓу четирите политички партии за изборното законодавство и за избирачкиот список. Ова го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на заедничката прес конференција со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Заев рече дека тој и другите лидери се повикани на денешната средба. Тоа значи влегување во фото финиш за изнаоѓање на најдобро решение за граѓаните.

За вчерашните написи во некои медиуми дека СДСМ се залага дијаспората да нема право на глас, Заев е дециден.

„Дијаспората треба и мора да гласа, но нема да му дозволиме 3:0 на Груевски, тој да мести конзули и дипломатски претставници, да нема уставна загарантираност на еднаквост на гласовите. Понудивме и формирање на министерство за дијаспора, кое ќе им помага на нашите во дијаспората. Доколку се оствари правото на дијаспората да гласа, тогаш цензусот мора да остане или нивните гласови да се испратат во матичното живеалиште на граѓанинот“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски