Заев: Денеска изгубив, но на крај ќе победам

Од:

По судската пресуда, на премиерот Никола Груевски да му исплати 50.000 евра, претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејбук порача дека на крајот ќе победи правдата.

zokizfb

-Можеби денеска јас изгубив во прва судска инстанца но ќе победам во конечната судска постапка.Правдата мора да победи и ќе победи. Најважно е што на среден рок добива Македонија затоа што со овој судски процес и со оваа пресуда уште еднаш се потврди контролата од страна на власта врз судство. Овој процес и оваа пресуда силно ќе придонесат да му дојде крајот на апсурдното секојдневие кое го живее нашиот народ. Борбата за слобода и демократија продолжува, напиша Заев на Фејсбук.

Како и во сите досегашни судски процеси каде некој од власта тужеше, така и во овој, судот пресуди во корист на премиерот Никола Груевски. Судот не дозволи како сведок да биде сослушан Ден Дончев, третиот учесник во сниманиот телефонски разговор.

Судот му одреди казна од 50.000 евра на Заев, точно колку и што побара премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков