Заев дава исказ за „Поткуп“: Имав добра соработка со сите бизнисмени, соработував и со Иван Николов

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во новата заграда на Кривичниот суд дава изјава како обвинет во предметот „Поткуп“.

Заев рече дека како градоначалник на Струмица 12 години на сите граѓани им излегувал во пресрет за сите нивни барања. Кажа дека членови на неговото семејство соработувале со Иван Николов и неговите компании. Заев посочи дека имал добра соработка со сите струмички бизнисмени, вклучувајќи го и Иван Николов и оти тој никогаш не бил доведен во непријатна состојба пред него како градоначалник ниту пред општинските органи на Струмица.

– Сум помагал затоа што верувам дека е чесно и добро да се помага. Таков беше и случајот со синот на Николов кој се најде во незгодна ситуација при турсистичко патување во Дубаи. Тоа беше пред случајот со монтирањето на овој предмет, рече Заев.

На денешното рочиште треба да бидат изведувани и докази од одбраната.

На минатото судење без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп.

На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според него, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“