Полицијата уапси директор кој прими поткуп од 50.000 евра

Од:

Службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) уапсиле актуелен директор на државна институција под сомнение за примање мито во износ од 50.000 евра.

Според информациите, лицето било фатено при барање и примање на поткуп, а акцијата била спроведена во координација со надлежните институции. Засега не е познато дали осомничениот делувал сам или станува збор за поширока мрежа, што ќе биде предмет на натамошната истрага.

Неофицијално, станува збор за директорот на Државен инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, но од институциите сè уште нема официјална потврда за неговиот идентитет. Надлежните најавуваат повеќе детали во текот на денот, по целосно документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

Кривична пријава против Сијарто поради сомнежи за поткуп

Македонец фатен на српски граничен премин по меѓународна потерница од Грција

А1он

Обвинителен акт против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп