Заев – Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи

Од:

Долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и стабилна основа за соработка во регионот базирана на европските вредности, гарантира Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој вчера беше ратификуван од страна на Собранието на Македонија.

Ова е заедничката оценка на претседателот на владите на Бугарија ина Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, телефонскиот разговор што го имале по повод ратификацијата на Договорот.

– Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира одржливо градење на пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот втемелена на европските вредности, се наведува во соопштението од кабинетот на Борисов.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Муцунски: Историски важен договор со САД за економијата

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари