Заев – Борел: Никој нема забелешки за реформите на Македонија, граѓаните заслужуваат европска иднина

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев како дел од својата агенда на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Словенија оствари билатерална средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна политика на ЕУ Џозеп Борел.

„На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев ја изрази неговата и благодарноста на Владата на Северна Македонија за личната поддршка на потпретседателот на ЕК за почеток на пристапните преговори за нашата земја со ЕУ.

Премиерот Заев истакна дека блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и за Албанија во целиот регион се оценува како сериозно назадување и удар врз довербата во целата ЕУ.

Потпретседателот Борел и премиерот Заев заеднички констатираа дека Северна Македонија ги исполнува сите зацртани реформи и дека никој нема забелешка на тоа поле, со што македонските граѓани во целост ја имаат заслужено својата европска перспектива“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски

Борел: ЕУ ќе предложи санкции против одговорните за смртта на Навални

Горан Наумовски