Заев: Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев порача вечерва од Велес дека граѓаните треба да се гордеат затоа што со членството во НАТО „добиле имотен лист на државата“.

„Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата, никој повеќе не ветува НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа! Триесетгодишната стратешка цел членство во НАТО е завршена работа, а 15 години сме земја кандидат за членство во ЕУ и чекаме одлука за почеток на преговорите,“ рече Заев на трибина организирана во рамките на предизборната кампања.

„Сето тоа го добивме и е завршена работа. При тоа не сме веќе непријатели со соседите, туку пријатели и денеска ги имаме за сојузници сите наши пет соседи. Тоа е паметно сите земји градат пријателство, а малите земји уште повеќе градат пријателство за да им се најдат и да им помогнат, за животот подобро економски да го живееме со подобар стандард,“ рече Заев пред велешани.

Тој рече дека договорите што ги постигнале со Бугарија и Грција ни билеа „влезна карта“ за во НАТО и ЕУ.

„Срцето ни се топеше од радост кога се креваше знамето на НАТО пред нашиот Парламент и кога нашето знаме се креваше пред седиштето на НАТО,“ рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4 на вечерашната трибина во Велес.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?