Заев: Белиот дворец се уште е заложник на Груевски, ќе има судска разрешница на сите процеси

Од:

Со аплаузи од партиските членови, во седиштето на СДСМ, лидерот Зоран Заев го поздрави изгласувањето на Законот за јавно обвинителство.

„Успевме. Правда и борба против криминалот, тоа го бараа граѓаните, за тоа се изборивме и за него гласаа две третини од пратеници. Им честитам на сите кои преземаа одговорност и ги победија притисоците . Со овој закон загарантирана е судската разрешница на сите започнати процеси иницирани од СЈО“, рече Заев.

Правна разрешница ќе има, рече Заев, на обвинетите ќе им се суди врз основа на обезбедените доказии и индициите за сторени кривични дела. Посочи дека нема да има амнестија за никого, секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара.

„ Политичарите нема да бираат обвинители. Времето на тефтерчиња со кои се рушеше правдата ќе останат да сведочат за едно друго вереме, сега политичарите се далеку од правосудството“, рече лидерот на СДСМ, кој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не се одважија и не гласаа за европската иднина, со што според него, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило, а Белиот дворец се уште е заложник на Никола Груевски.

Заев побара Европската унија да го види и препознае новиот балкански потенцијал. Ги повика граѓаните на ЕУ, ЕК, лидери на земјите членки на ЕУ, да донесат одлука за почеток на преговорите.

Заев ја повика нацијата на „Марш за правдата“ утре со старт од Собранието на Македонија во 18 часот, до Судската палата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?