Заев бара двотретинско мнозинство за Законот за Јавно обвинителство

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес- конференција изјави дека почнал да разговара и се труди да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за носење на Законот за јавно обвинителство.

– Ќе бидам среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ни се придружи и го олесни патот за негово донесување, но верувам како општество, како држава, како Парламент треба до 11 февруари – денот пред распуштање на Парламентот да се обидеме да гласаме за законот. Тоа би била важна работа завршена за граѓаните и пред се силна алатка и инструмент на европскиот комесар, за земјите-членки на ЕУ на идните состаноци на Европскиот совет, за донесување на толку долго очекуваната одлука за датум за почеток на преговорите, подвлече Заев на прес-конференција во партиското седиште.

Изрази уверување дека може да се донесеме ова законско решение и повтори оти се работи за структурен системски закон што се носи со двотретинско мнозинство, како што рече, „во време и амбиент кога предметите од СЈО се осигурани, тие се во судски процес под надлежност на републичкиот јавен обвинител и тоа создава обврска на сите политички чинители да продолжиме да разговараме и да го изнајдеме решението кое е најдобро за граѓаните и секако во функција на укажувањето на Венецијанската комисија, Европската делегација и Европската комисија.

Во однос на забелешките изнесени вчера од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до каде СДСМ е подготвен да направи компромис, Заев рече оти очекува тие да гласаат и да го поддржат законот.

– Ние сме подготвени да одиме се дотаму додека тоа е дозволено согласно нашиот правосуден систем и рамката што ја носи Европската Унија, а тоа значи политичарите да не бираат обвинители, тоа значи дека не смееме да дозволиме одредени критериуми ради желба на политички партии дали се од власта или од опозиција да ги надминат црвените линии дозволени со европската регулатива. Тие законски решенија се дел од пакетот судски реформи, но и се дел на она што значи адаптирање на Северна Македонија со европската легислатива во областа правосудство, истакна Заев.

Тој рече дека доколку е потребно за ова да се разговара и на лидерска средба. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за законот за јавно обвинителство, пак, вчера рече дека треба да произлезе од европски, реформски закон, претходно усогласени ставови на работните групи, а дури потоа да се свикува лидерска средба, а не само „ради реда“.

– И да, ќе се обидам прво да разговарам со осумте пратеници за да обезбедам двотретинско мнозинство, но сакам да ги растеретам токму нив од таа одговорност. Тие ја чувствуваат одговорноста заради тоа што гласаа за интеграциите во НАТО и ЕУ, но одговорноста би била поголема на нас поголемите политички партии за да застанеме зад ова решение, вели Заев.

Повтори оти недонесувањњето на законот не дава заокружена правна рамка за да слободно, независно, растеретено работат јавните обвинители во државата, како и судствто во целина.

– Законот ако го донесеме е системски, структурен закон, со тоа го заокружуваме целиот пакет на реформите во правосудството, додаде лидерот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска