(ВИДЕО) Заев: Ако нема договор, законските рокови ќе стапат на сила, избори ќе има на 21 јуни

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека има простор за разговори со опозицијата за датум за предвремени парламентарни избори се до завршувањето на вонредната состојба во следните седум до десет дена, но доколку не се изнајде решение потоа ќе мора да се почитуваат уставните одредби и законските рокови и да се оди на избори, на коишто тој е убеден дека ќе победи.

-Сакаме да бидеме флексибилни. Сакаме да учествува опозицијата. Номиниравме дека не сме врзани за 21 јуни, сакаме во овој период на првиот бран на паѓање на кризата да излеземе на изборите. сакаме дијаог, сакаме договор, но ако нема договор не можеме со сила ние да натераме и другите страни да постигнат договор односно да одат на избори. На крајот сите поднеле листи и се кандидати на изборите, и изборите треба да се одржат не заради тоа што ние дод СДСМ сме седнале и мислиме дека треба да има избори, туку заради тоа што законот тоа го пропишува, Уредбата со законска сила и Изборниот закон, рече Заев на прес-конференција.

[ВО ЖИВО:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за треиот сет економски мерки

[ВО ЖИВО:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за треиот сет економски мерки

Posted by Zoran Zaev on Вторник, 19 мај 2020

Според Заев, бојкот на изборите не може да има бидејќи кандидатските листи веќе се прифатени, а се изврши и жребувањето. Прашање е дали некој ќе бојкотира кампања, рече тој, потенцирајќи дека СДСМ не сакаат никој да ја бојкотира кампањата.

Заев кажа дека на вчерашната лидерската средба за терминот 21 јуни тие добиле поддршка од ДУИ, од ДПА и од БЕСА. Алијансата на Албанците и Алтернатива предложиле избори на 26 јули, додека ВМРО-ДПМНЕ 23 август, 30 август и 6 септември, но поради продолжениот викенд, бил предложен 13 септември.

Лидерот на СДСМ го повтори ставот дека не е добро да има избори на крајот на август или почетокот од септември поради можноста за следен пик од коронавирусот. Посочи на извештаите на Комисијата за заразни болести и на СЗО, како и на изборите кои ќе се одржат во соседните земји како Србија, а потоа и Хрватска.

Имаме плус аргументи зошто треба да одиме на брзи избори, рече Заев и повтори дека не би сакал со одлагање на изборите за август или септември, па дури и декември, земјата да се доведе во ситуација на нова политичка криза.

-Нема да дозволиме незаконско и неуставно одложување на изборите, затоа што кој било граѓанин во државата да достави една претставка до Уствниот суд ќе ги урниса резултатите од изборите, рече лидерот на СДСМ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да ги одолговлекуваат изборите бидејќи се плашат од изборен пораз.

– Изборите тие ќе ги изгубат не поради Заев, туку поради сопствената политика и неквалитетни кадри. Знам што е, стравот, сега се бега од изборите. Анкети сите соопштуваме, ги читаме податоците и знаеме дека опозицијата ќе губи. Не заради Заев или не заради некој друг, туку заради неодговорното однесување во последните три години, заради немање квалитетна понуда, заради арогатниот однос кој го има спрема новинарите и граѓаните и слично, заради кадровската понуда и потенцијал. Граѓаните знаат се, рече Заев.

Во однос на Државната изборна комисија и ставот на нејзиниот претседател во однос на Избирачкиот список, лидерот на СДСМ истакна дека ја поздравува работата на Комисијата која секогаш носела одлуки со консензус, и побара секој да го почитува законот. Заев потсети дека за Избирачкиот список веќе е донесена одлуката, одговарајќи на новинарско прашање што доколку дел од членовите на ДИК не го потпишат ИС и покажувајќи го заклучокот на ДИК по донесувањето на Уредбата со законска сила од страна на Владата за прекинување на изборните дејства. Укажа повторно на членот 43 став 6 од Изборниот законик и вметнувањето на лицата со наполнети 18 години до денот на изборите.

– Должност е на ДИК, по службена должност тој список да го потпише и да го објави, по закон е така, законот јасно пропишува какви се пеналите. Само очекувам сите да го почитуваме законот, не би сакал некого да го иритирам, ниту да го навредам. Не би сакал ова да звучи заканувачки, рече Заев.

Во однос на опасноста од мала излезност, лидерот на СДСМ вели дека доколку сите партии излезат на изборите не верува дека изленоста ќе биде многу мала или помала од вообичаено, бидејќи на парламентарни избори луѓето, како што кажа излегуваат на гласање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?