Заев: Ако е обвинета или осомничена Ременски ќе биде времено отстранета од партијата

Од:

Кога некое лице ќе биде осомничено, обвинeто или слично тогаш ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност, вратите се отворени секогаш за секого, рече денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со потпретседателката на Собранието Фросина Ременски.

– Секогаш стоиме на своите ставови. На доаѓање ја добив информацијата дека има соопштение или изјава кое, како што вие кажувате, се однесува на потпретседател на Собрание, рече Заев.

Навреме, како што дополни, ќе ги соопштат ставовите откако ќе прочитаат и видат за што е осомичено лицето, дали е обвинето…

– Ако се бориме за владеење на правото и еднаков третман на сите тоа треба да го испочитуваме без разлика дали тоа се однесува на сите нас како носители на одредени партиски или општествени функции, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на мерката за ваучери за клима инвертори.

Нагласи дека како Влада принципилно стојат на ставот за владеење на правото и правна држава.

– Ако сакаме да чекориме кон правна држава како што сите ја посакуваме, законот мора да важи еднакво за сите, никој да не се затскрива зад каква било партиска, општествена или друга функција. За да испратиме порака дека судиите и обвинителите треба да се водат од аргументите и доказите, постапките да се транспратентни и да се воспостави правен систем во кој граѓаните ќе веруваат како систем на вредности заснован на законите и Уставот, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов