Заев и Ахмети разговараа за проширувањето на владината коалиција

Од:

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска попладне по седницата за пратенички прашања во Собранието се сретна со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ Али Ахмети, потврдија од ДУИ.

Заев ја најави средбата со Ахмети вчера во одговор на новинарско прашање за преговорите за проширување на владината коалиција, кога објави дека се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП) за влез во коалицијата, и оти во таа насока се размислува за БЕСА и тоа на двете нејзини крила.

– Генерално ставот на владејачката коалиција е да ги остави отворени вратите. Уште кога ја објавивме Владата во договорот за коалицијата наведовме дека остануваме со отворени врати, рече Заев.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети на денешната средба со германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих рекол дека во разговорите со премиерот првично ќе бидат разгледани политичките и идеолошките определби на аспирантите да се приклучат на парламентарното мнозинство.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи