Заев: 70 милиони евра за поддршка на 83 илјади работни места

Од:

Со седумдесет милиони евра ќе бидат поддржани 83.000 работни места и ќе се субвенционираат 250.000 плати, вели во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

Тој истакнува дека вложуваат максимална посветеност, внимание и труд за што побезболно справување со ефектите од досега најголемата здравствено-економска криза на светско ниво, предизвикана од пандемијата на КОВИД-19. Одржување на стабилноста на здравствениот и економскиот систем, потенцира, е наш приоритет.

Како што наведува Заев, со усвоениот ребаланс на Буџетот за годинава се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во износ од 470 милиони евра, за ублажување на последиците и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор.

– Градиме партнерски однос со стопанството, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари. Финансиска поддршка по 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани. За оваа намена државата обезбеди 27,6 милиони евра кои повторно ќе се вратат во стопанството. На овој начин се стимулира потрошувачката на домашни производи и услуги. Се обезбедуваат и дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети. Важен е секој човечки живот и секое работно место. Поддршката по региони продолжува, со ребалансот се опфатени важни проекти на локално ниво, низ речиси сите општини, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?