Заедничка обука на специјалните сили на Македонија, САД и на Грција

Од:

Силите за специјални операции на Македонија, САД и домаќинот Грција, од вторникот започнаа заедничка обука за падобранство и скокови од воздухоплови во областа Атика и во Лариса, во рамките на планот и координацијата на Интердисциплинарната команда за специјални операции на Генералштабот на грчката армија.

Од Генералштабот на грчката армија соопштуваат дека „конкретната ко-обука е во рамките на меѓународните соработки на грчките вооружени сили со пријателски и сојузнички земји“ и во рамките на планираните соработки, кои „темелно и континуирано се спроведуваа во последниот временски период, врз основа на целокупниот план на Генералштабот“.

– Целта е да се надгради нивото на соработка, на разбирање и на размена на техничко знаење меѓу силите учеснички, како и дополнително зголемување на оперативните способности и интероперабилноста на силите за специјални операции во сојузничка рамка, пишува во соопштението за заедничката обука.

Од Грција учествуваат припадници на Интердисциплинарната команда за специјални операции, два хеликоптери на военото воздухопловство на армијата и еден авион на воздухопловните сили, од САД припадниците на 10th Special Forces Group, а од Северна Македонија припадници на специјалните сили.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон