Во Македонија голем број на училишта не ги задоволуваат основните услови за нормално функционирање. Ниту учениците имаат услови да ја следат наставата, ниту наставниците и професорите имаат услови да предаваат.
Знам дека звучи ненормално, но дел од училиштата во 21-от век немаат вода за пиење. Во други училишта не функционираат тоалетите, а и хигиената во училниците и ходниците често е на мизерно ниво. Во други пак училишта столчињата, клупите, катедрите, таблите не се во функционална состојба. Можеме да најдеме училишта кои прокиснуваат и кога врне децата освен на наставата треба да внимаваат и да не накиснат.
Има и училишни објекти кои само што не се распаднале, па провевот и ладното време се редовни во училниците преку есен и зима. Голем дел од училиштата немаат сали во кои часот по физичко воспитување би бил задоволство, а и таму кај што ги има голем дел од нив не се во добра состојба, па децата по предметот физичко немаат каде да се истушираат и само пресоблечени ги следат останатите предмети. Лошите услови во училиштата се закана по здравјето и безбедоноста на учениците и наставниците. Постојат училишта кои не исполнуваат ниту минималните услови.
Ако Влада на Р.Македонија има предложено, а Собрание има донесено закон за задолжително образование, тогаш треба да се погрижат и сите училишта задолжително да ги исполнуваат барем основните услови, учениците, наставниците и професорите да имаат нормални услови за работа и следење на наставната програма.
А како што тргнало ниту на министрите ниту на пратениците им е гајле во какви (не)услови учат децата на луѓето што ги гласале. А нели образованието е моќ? Имаше една таква кампања, во која фотељашиве не учеа дека образованието е моќ. Освен што не научија дури и донесоа заокон за задолжително средно образование. Мене само не ми е јасно дали очекуваат граѓаните сами да си ги создадат условите во училиштата.
Не знам дали сте приметиле секоја година во септември новинарите ова прашање го прават актуелно, и со право, зошто тогаш децата тргнуваат на училиште. Секој септември новинарите поставуваат легитимни прашања: Што е со превозот на учениците и долгот на институциите кон превозниците?
Како учениците да одат во училишта во кои нема услови за настава? Зашто не е обновено училиште во временски период во кој политичарите ветиле? И уште многу слични прашања. Но кога ќе помине септември проаѓа и притисокот од медиумите. Сакам да изразам уверување ако новинарите ја држат актуелна оваа тема и преку целата година веројатно ќе имаме еден споменик помалку, а едно функционално училиште повеќе.
Но секако не се новинарите криви затоа што институциите во оваа наша држава може да си дозволат да игнорираат повеќе отколку што јавноста може да прашува, ми се чини кондиција е ве прашање. И на крајот на краиштата, децата на фотељашите учат во училиштата кои имаат добри услови, истото важи и за децата на новинарите, затоа на нас ни останува да најдеме начин како да направиме притисок до државата и на нашите деца да им се обезбедат добри услови за да се образуваат.
Намерно низ текстот не го споменував Министерството за образование, за на крај да поставам прашање и до министерот и до заменикот-министер дали знаат какви се условите во училиштето во Слупачне, она истото Слупачане во кое се случи нешто за кое тие демек нешто се караа внатре во коалицијата?
Тоа е луѓе, до нас е. Ние ги навикнавме дека кај нас може да им помине секоја нивна приказна. Прво ние не знаеме да си ги одредиме приоритетите, зошто тогаш политичарите би сакале да ни ги одредат како што треба.