Членовите на Анкетна комисија од ВМРО-ДПМНЕ побараа зад затворени врати да се сослушуваат и сведоците предложени од СДСМ, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски и Мартин Протуѓер.
Сослушувањето на овие сведоци, како и на оние предложени од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одвива од 9-ти до 15-ти декември. Тие имаат рок до понеделник да ја известат Комисијата дали ќе бидат спречени да се појават. Како што рече претседателот на Анкетна, Петре Шилегов, предложените лица немаат законска обврска да се појават на седниците. Тој додаде дека јавноста ќе пресуди доколку некој ја одбие поканата.
ДПА не предложи листа на сведоци, иако секоја партија во парламентот ја има оваа можност. За ДПА на владејачките функционери не може да им се верува.
-Не им веруваме на луѓето од институциите. Се покажа дека изборите се криминализирани и не може кризата да ја решава некој што ја предизвика – рече пред Комисијата Ернад Фејзулаху од ДПА.