Забранет влез за Роми во новиот Аква парк

Од:

Вратите на новоотворениот Аква парк во Скопје вчера биле затворени за неколку млади Роми, бидејќи вработените им рекле дека претходните денови некои ромчиња дивееле во објектот.

Скопјанецот Неџо Мемет вели дека неговата ќерка Мариса била дел од групата на која не и дозволиле да влезе во Аква паркот. Тој вели дека такво нешто не постои во европските држави.

Неџо прашува дали доколку некои млади Македонци дивееле во паркот повеќе нема да пуштаат ниту еден Македонец?

За оваа случка на социјалните мрежи се вртат многу коментари и осуди од неколку невладини организации, Општина Шуто Оризари и интелектуалци.

Се надеваме дека овој немил настан нема да придонесе повторно да стане актуелно предупредувањето од пред неколку години, кога за кучиња и „цигани“ беше забранет влез во базен.

Дехран Муратов

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска