Забраната за влез и излез од Куманово се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз, фирмите можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз

Од:

Владата на денешната седница донесе заклучок да ја информира јавноста дека одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз.

„Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени“, стои во владиното соопштение.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово