За слободата на Чавков ќе одлучуваат судиите кои беа прозвани дека од него добивале нарачки

Од:

Судиите Јово Вангеловски и Ристо Катавеновски, кои во 2013 година беа прозвани дека донеле пресуда под притисок на ексминистерот и поранешен директор на БЈБ, Чавков за случајот „Јака Табак“ од Радовиш, треба да одлучуваат за неговата слобода.

Во постапката за „Јака Табак“, Загорац Тумбовски, кој бил член на одборот директори и претседател на надзорниот одбор за „Фокус“ изјави дека сегашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, првин му бил адвокат на оштетениот Крсте Блажевски, а потоа бил член на судискиот совет на Врховниот суд, кога била донесена пресудата.

Според Тумбовски, Чавков правел силен притисок, па предметот бил даден на реферирање кај врховниот судија, Ристо Катавеновски, што и се случило. Тумбовски тогаш изјави дека Чавков со уште некој од УБК, го зеле предметот од Врховниот суд и го однеле во кабинетот кај Груевски. Тогаш му биле однесени уште неколку актуелни предмети.

За случајот има две правосилни пресуди со кои Тумбовски е осуден на казна затвор, за кои тврди дека се нарачани во монтирани судски процеси. Тумбовски уште тогаш изјавуваше дека главниот полициски извршител е Митко Чавков. Основниот суд во Струмица трипати носеше ослободителни пресуди за слуачјот, но Апелацискиот суд во Штип донесе осудителни пресуди со казни затвор. Тумбовски и уште неколку лица беа обвинети дека ги измамиле и ги довеле во заблуда Мито и Ване Бојчеви, со тоа што купувале акции во нивно име и плаќале од сметките за кои добиле овластувања и нотарски заверени полномошна испратени од САД, за кои Бојчеви тврдеа дека се фалсификувани, иако вештачењето од МВР беше спротивно на тезите.

Инаку, истите судии Јово Вангеловски и Ристо Катавеновски беа дел од кривичниот совет кој го ослободи од притвор бизнисменот Сеад Кочан во предметот „Труст“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска