За седум денови СВР-Битола извршила 1.913 сообраќајни контроли

Од:

СВР-Битола во периодот од 13 до 19 април годинава, на подрачјето на општините Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод, извршиле1.913 сообраќајни контроли.

Полициските службеници на СВР-Битола за време на сообраќајните контроли евидентирале 359 сообраќајни прекршоци.

– Во 27 случаи е констатирано  присуство на алкохол кај возачите, 40 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 81 случај на пречекорување на дозволената брзина, 2 технички неисправни возила, 24нерегистрирани или со измината важност на сообраќајната дозвола, 21 случаj на погрешно паркирање, 2прекршоци – престигнување, 39 – некористење на сигурносен појас,  6- користење на мобилен телефон при управување со возило, 2 случаi –минување на црвено светло и 33 прекршоци кои ги направиле пешаците, соопштуваат од СВР-Битола.

Во текот  на седмицата на територијата на СВР-Битола е намален бројот на сообраќајни незгоди. Регистрирани се 1о сообраќајни незгоди за разлика од претходната кога биле 14 во кои нема последици со загинати лица, ниту со тешки телесни повреди. Исто така е намален бројот на полесно повредени лица и сообраќајни незгоди во кои е предизвикана материјална штета.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски