За само една недела во Велес 468 луѓе заболеле од грип

Од:

Вo Центарoт за јавно здравје во Велес минатата недела биле регистрирани 468 заболени од грип од кои најголем број се деца.

Споредено со претходната недела кога беа регистрирани 808 заболени, а што беше и најмногу за една недела годинава, изминатата недела бројот на заболени е во речиси двојно опаѓање, но сепак бројот на заболени е голем, посочуваат епидемиолозите од оваа јавна здравствена установа

Д-р Бојан Тодоровски од Центар за јавно здравје во Велес вели дека од 468 заболени 75 се деца на возраст до четири години, а 166 се школски деца основци на возраст од 5 до 14 години. Во старосната група од 15 до 64 години, каде има и деца средношколци заболени се 198, а на возраст над 65 години заболени се само 29 лица.

Во текот на февруари во Центарот за јавно здравје во Велес се регистрирани 1.359 лица заболени од грип, а во јануари имало само 88 заболени од грип.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Намалување на бројот на заболени од грип

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он