За притворот на Кочан повторно ќе се одлучува, укината е гаранцијата од 900.000 евра

Од:

Апелацискиот суд Скопје ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја укинал одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, со која беше прифатена гаранцијата од околу 900.000 евра на бизнисменот Сеад Кочан за да може да се брани од слобода во случајот „Труст“, соопштуваат од судот.

Одлуката за укинување на гаранцијата, Апелацискиот суд ја донел на седница што била одржана завчера. Кривичниот совет на судот оценил дека не биле доставени сите потребни докази од кои би се утврдила основаноста на понудената гаранција.

Предметот, како што информираат од Апелацискиот суд, сега се враќа на повторно одлучување кај судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.

Кривичниот суд на средината од минатиот месец го одби барањето на СЈО на Кочан да му биде одреден притвор и го прифати предлогот на неговиот адвокат, да му биде одредена парична гаранција од 875.298 евра, да му биде одземен пасошот и да се јавува еднаш неделно во судот.

Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“, во кој, заедно со уште две лица и со фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани“, СЈО го товари дека со фалсификувана документација добил тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

Би можело да ве интересира

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Васко Маглешов

Сеад Кочан се разболе – неизвесно е дали ќе оди во затвор

Васко Маглешов

СДСМ го спасува Авировиќ од затвор

Ана Ололовска

Постапка за разрешување на судиите од Врховен кои одлучуваа за Сеад Кочан

Наум Локоски