Сеад Кочан се разболе – неизвесно е дали ќе оди во затвор

Од:

Бизнисменот Сеад Кочан, кој треба да се јави на издржување на затворската казна, бил примен на една приватните клиники во Скопје. Информацијата ја потврдија за „А1 он“ од Основнот кривичен суд во Скопје. Судот бил известен дека Кочан е примен на лекување.

dobivaj vesti na viber

Кривичниот совет при скопска единица веќе донел одлука за жалбата на Кочан за одлагање на затворот, но засега не ја соопштуваат.

Бизнисменот на 17 јули треба да се јави во затвор за поресудата во случајот „Труст“.  „А1 он“ веќе објави дека Кочан гледа спас во Врховниот суд за да му биде одложен затворот, дури највисокиот суд не ја преиспита пресудата.

Сопственикот на ‘Трансмет’ доби казна затвор од 4,8 години, а Василије Авировиќ, наместо ефективен затвор, доби условна казна. Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Труст“. Казната на Кочан ја намали од 6 на 4,5 години, а на Авировиќ од три години – во условна казна.

Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Васко Маглешов

Сеад Кочан иако требаше, се уште не се пријавил во Идризово

Виктор Јованов

Кочан мора веднаш во затвор, не успеа да ја одложи казната

Виктор Јованов

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Ана Ололовска