За премиерската логика

Од:

Како тоа премиерот ќе имал посебна програма за Охрид? Нели не треба да се инвестира во Охрид, таму оди секој човек еднаш во годината, некој ни еднаш,освен некој кој работи таму.

Тоа ти е исто како што секој човек ретко оди на автопат еднаш во годината, некој воопшто не ни поминува по автопат а некој секој ден оди на работа по автопат.

Среќа голема премиерот наш ни прави локални патишта, па сите луѓе ги „одбегнуваат“ автопатите и возат по локалните патишта, тоа почитувани е страшна премиерска логика .

Слушнавме од премиерот, дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ги делел македонците на: антички, европски и словенски, нели по логика на нештата сите македонци имаат исти корени, само премиерот сака да ни покаже и докаже дека ние немаме словенски корени, туку корени од антиката .

Ама некако слабо иде со докажувањето, не фаќа логиката корени исто како и антиката,па затоа Црвенковски постојано нешто пребројува .

Премиерот Груевски никогаш не пребројува, тоа се покажа и докажа на последниот неуспешен попис во Република Македонија.

Можеби имаме многу стари корени од антиката па неможеме да се преброиме, многумина од нас се на работа во странските земји а некои веќе трајно се иселени од нашата земја .

Ги нема овде ама ги има на хартија на избирачки список, и секогаш гласаат,
многу зависат од нашата влада затоа што се издаваат 1 400 000 лични карти а на избирачкиот список се 1 800 000 .

И тоа е страшно добра премиерска логика, истата онаа која ја имаше на една емисија на Kанал 5 дека 363 милиони плус 208 милиони е негде околу 700 милиони.

Или на премиерот слабо му оди математиката и логиката, или сите ние сме слаби математичари и логичари .

Да бидеме јасни, премиерската логика си нема блага веза со реалната состојба во Република Македонија .

Јасмин Маринков, Унија на млади сили ВМРО НП

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска