Патриотизмот е природна појава, а христијанството е натприродна.
Патриотизмот е логичко-провинциска љубов и вистина, а христијанството општочовечка. Патриотизмот покажува љубов кон една земја и еден народ, а христијанството покажува кон сите земји и сите народи. Христијанството го поддржува разумниот и широкоград патриотизам, а се бори против лажниот и болен патриотизам.
Всушност, како што се бори и против сите други болни мисли и чувства. Со еден збор, гордиот патриотизам, опкован со оклопот на омразата кон се’ туѓо, ја исклучува и христијанската религија.
Тој е нејзин најголем непријател. Оној кому му е познат и бројот на влакната на косата од главите наши и кој секојдневно им дава храна на птиците небесни и облека на цвеќињата, е поголема гаранција за народната правда од сите наши грижи и љубов кон својата земја и својот народ (предавање од Св. Николај Охридски и Жички во Лондон, 1917 год.)
Своевремено на прес-конференција ги повикав сите моите сограѓани да внимаваат кому му го даваат својот глас. Уште повеќе, кога пред себе имаа пример на човек кој надворешно е многу мирољубив и слаткоречив.
Откако го посеа сето зло, без најмала етика на мојот ФБ-профил, сметав дека со тоа е демаскирана една обична напумпана „провинцијалска“ приказна, без соодветни компетенции. Сметав дека посеаното зло зборува за неговата „човечност“.
Тој, родољубот, тој кој оди на „шизофрени“ приеми во Белата куќа, токму тој кој организира хуманитарни акции.
Е, тој, патриот ги отвори вратите на линчот. Ги отвори „дворите“ на срамната историја од која допрва ќе трпиме последици. Е драг докторе, на следното караоке што би пеел?
И да, не се чувствувам горделиво затоа што Те открив токму каков што си во својата суштина. Напротив, ова е над она што мислев дека го можеш. И не затоа што си добра душа, туку блага уста. Кога ќе размислам подобро, Тебе повеќе Ти прилега да скокаш од прозорец како во студентските денови, отколку да отвораш врати.
Каде побегна откако му ги отвори вратите на ужасот, зошто ги остави злосторниците сами? Уште повеќе, зошто ги остави на немилост и оние граѓани кои беа заведени и дојдени без агенда. Ти се’ ќе оставиш, Ти одамна му ја имаш продадено душата на ѓаволот.
Денес Ти пишувам не како триумф дека сум бил во право, туку само имам за цел да им (у)кажам на тие што Те прашуваат како сограѓанин, лекар или колега, дали мирно спиеш?
Но, за жал овие луѓе немаат срам, овие се убиваат од спиење. Верувајте! За крај, успех во животот е да отвораш врати, железни порти, но само со добра мисла. Кој дресер си Ти за да пуштиш во ринг човек против човека? Очекувам да се оградат сите здруженија во кои членуваш. Значките кои ги носиш на реверите и онака веќе се кородирани од срам.
Отвори гнев, а затвори една фама која кружи со години. Сепак, Ти ниту си бил спартанец, ниту патриот. Ти си клучар на пеколот, на неморалот, на неодмереноста и недоветноста.