За патријархот Вартоломеј МПЦ е парацрква

Од:

Тешки и навредливи квалификации од вселенскиот патријарх Вартоломеј за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За него МПЦ е нехристијанска и парацрковна организација.

Тоа патријархот Вартоломеј го кажа на вчерашното одбележување на 1.700-годишнината од донесувањето на Миланскиот едикт во Ниш, Србија.

„Во нашите православни цркви повторно зајакнуваат разни расколи, ереси, отпадништва. Ерарсите се прогонуваат, како, на пример, архиепископ охридски Јован. Свештениците, монасите, верниците биваат прогонети за зборот Божји, бидејќи не се согласуваат да се вклучат во антихристијанска и псевдоцрковна организација, а тоа е помогнато и од државните структури. Затоа што го носат името Христово, тие се прогонуваат без каква и да е причина и вина“, рече владиката Иринеј.

Овие навреди се поради случајот со расчинетиот владика Јован Вранишкоски.Вранишковски има затворска казна поради финансиските малверзации.

Обраќањето Вартоломеј го прочита на грчки јазик, а српскиот владика Иринеј бачки, го преведуваше на српски јазик.

Македонската православна црква-ОА, инаку, не беше поканета на оваа прослава на православните цркви во Ниш.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски