За Нова година сепак ќе ечи српска и хрватска музика

Од:

На денешната средба во Министерството за култура на која присуствувале, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права е договорено ЗАМП да ја стави во мирување забраната за емитување авторски музички дела до 20 јануари 2016 година. Исто така, ЗАМП прифатиле за ова да ги известат странските организации за колективно управување со авторските музички права (ХДСЗАМП- Хрватска и СОКОЈ – Србија), како и радио телевизиски организации во Република Македонија.

„На состанокот е договорено: Почнувајќи од 04.01.2016-та година во рок од 15 дена работни групи составени од претставници на Министерство за култура, Министерството за информатичко општество и администрација и на здруженијата за заштита на авторски музички права, да работат на утврдување на текстот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторскот право и сродните права, предложен од страна на здруженијата“, соопштува Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март