За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

Од:

Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не можеа да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност.

Претседателката на Анкетната Комисија за скандалот во Онкологија, Рашела Мизрахи на денешната седница соопшти дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдено кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка Ирина Сотирова Бухова, тогашните директори на ФЗО Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

По претставувањето на овие заклучоци од Мизрахи, реагираа пратениците членови на СДСМ, кои истакнаа дека не се согласуваат со овие заклучоци оти, како што рекоа, се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Посочија дека ќе бараат да даде оставка претседателката на Анкетната Комисија Рашела Мизрахи.

Потоа, Мизрахи даде пауза од еден час.

Мизрахи, објаснувајќи ги заклучоците, потенцираше дека клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај, како што посочи, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија.

Мизрахи информира дека мандатот на оваа Анкетна комисија треба да заврши на 3 декември.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата, сега е сè јасно

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх