Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива непречено, по суви коловози. На граничните премини Табановце и Богородица, за излез од државата има чекања околу 15 – 20 минути, додека на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.