А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

За евтина струја додека трае вонредната состојба регулаторите очекуваат анализи од енергетските компании

by Маја Илиевска-Пачемска24/03/2020 - 19:3824/03/2020 - 19:571291
Share0

За да направи корекција во тарифирањето на електричната енергија со кое и преку ден граѓаните ќе имаат евтина струја додека трае вонредната состојба, од Регулаторната комисија за енергетика за „А1он“ велат дека треба да се направат анализи како тоа ќе влијае на крајната цена.

Следете a1on на Instagram Instagram

Регулаторите велат дека се во тек со онлајн петицијата за евтина струја додека трае вонредната состојба која е потпишана од 36,5 илјади граѓани.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги следи континуирано барањата на потрошувачите на енергија, независно дали се поднесени директно во Регулаторната комисија за енергетика или истите се пренесуваат преку медиумите, а посебно на социјалните мрежи. РКЕ очекува од енергетските компании доколку нивните показатели укажуваат дека има технички предуслови за проширување на дневната евтина тарифа да достават анализа во која ќе треба да се покаже како проширувањето ќе рефлектира врз крајната цена“, изјавија за „А1он“ од Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторите сметаат дека воведувањето на евтината тарифа е комплексен процес кој подразбира опсежни анализи од аспект на влијанието од воведувањето на оваа мерка врз целокупниот електроенергетски систем, прераспределба на трошоците коишто настануваат поради тоа, а се води сметка и од аспект на ликвидноста на вршителите на енергетските дејности почнувајќи од производство на електрична енергија, пренос и дистрибуција како и снабдување со електрична енергија по што треба на терен да се направи соодветна адаптација на броилата.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Воведувањето на евтината тарифа е постапка што бара време да се спроведе доколку се донесе таква одлука. Домаќинствата имаат директни броила коишто се отчитуваат од страна на овластени лица на Електродистирбуција ДООЕЛ Скопје и е потребно е време истите да се прилагодат на соодветни промени, со пристап до секое броило“, објаснуваат од Регулаторната комисија. Онлајн петицијата за воведување евтина струја како мерка за намалување на опасноста од социјална криза и сиромаштија кои би биле последица на вонредната состојба во државата, се појави како иницијатива на граѓани во петокот попладне. Досега ја потпишале 36. 530 граѓани, а бројот на потписници постојано расте. Од Регулаторната комисија велат дека презеле серија мерки и активности во вонредната состојба како резултат на кои компаниите прифатиле да го замрзнат исклучувањето на потрошувачи кои не ги платиле сметките за струја, вода и парно. „Во моментов активно комуницираме со компаниите за да се изнајде модел за да се олесни плаќањето на сметки што ќе стигнат во периодот додека трае вонредната состојба. Апелираме да се искористи максимално дневната евтина ниска цена на електрична енергија“, велат од Регулаторната комисија.

energetikakoronavirus mkdregulatorna komisija za energetika

Би можело да ве интересира

Ристов: Ќе направиме анализа за струјата, не очекувам драстично зголемување на цената на топлинската енергија

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:51

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори, регистрира Регуларона

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:30

Грејната сезона продолжува на 1 и 2 мај, соопшти Регулаторна

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 12:21

Завршува грејната сезона

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 12:50

Ацо Ристов ја презеде претседателската фунција во Регулаторна комисија

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:51

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто